Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска на пладне, ќе му го врачи мандатот за состав на влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој вчера ги поднесе во собрание законските измени со кои треба да се реформираат министерствата и да се формираат нови.
Очекува измените да бидат изгласани најдоцна во вторник. Собранието во петок, по скратена постапка, ќе расправа за законските измени што ги предложи Мицкоски. Во образложението за предложените измени пишува дека министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства, и се овозможува простор за рамковното регулирање на органите на државната управа да биде точно утврдено со материјални закони.
Дополнителни се дообјаснува дека измените на законот со кој се предвидува и формирање нови министерства произлегува од фактот што некои органи на државната управа не се функционални и не помагаат за поефикасно остварување на правата, и интересите на граѓаните и правните лица.