Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов, почина на 89-годишна возраст.
Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил секретар на Средношколскиот и на Општинскиот комитет на Народната младина, професор во гимназијата со економски паралелки „Ј. Б. Тито“ од 1959 до 1963 година и во Работничкиот универзитет „Моша Пијаде“ во Кавадарци.
Работел во Земјоделскиот комбинат „Тиквеш“ во Кавадарци од 1963 до 1964 година, каде што бил секретар на Основната организација на СКМ и директор на Аналитичко-планскиот сектор.
Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија;
Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година;
На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.