Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од сите региони анектирани од Русија за да почнат мировните преговори.

Путин рече дека друг услов за преговори мора да биде изјавата на Киев дека се откажува од намерата да влезе во НАТО, пренесува „РИА новости“.

Русија е подготвена и утре да седне на преговарачка маса за Украина, изјави Путин на средбата со раководството на руското Министерство за надворешни работи.