Site icon VEST MK

Украина ги погодила руските системи за воздушна одбрана на Крим

Украинската војска денеска соопшти дека извршила успешни напади врз руските системи за воздушна одбрана во окупираниот Крим, јави ДПА.

Ракетните системи земја-воздух биле оштетени во воздушни напади недалеку од пристанишниот град Севастопол, соопшти украинскиот Генералштаб во објава на Фејсбук.

Во нападите во текот на ноќта биле уништени и резерви на муниција, се вели во соопштението.

Гувернерот на Севастопол, назначен од Москва, Михаил Развозаев, претходно преку сервисот за пораки Телеграм изјави дека е одбиен украински ракетен напад.

Тврдењата на двете страни не можеа веднаш да се проверат.

The post Украина ги погодила руските системи за воздушна одбрана на Крим appeared first on Либертас.

Exit mobile version