Фил Фоден најдобриот играч во Премиер лигата е најголемиот адут на Англија на Европското првенство кое вечерва ќе започне во Германија. Фоден, во пресрет на континенталниот шампионат, бил кај гатачка.

Според таблоидот „Сан“, Фоден и неговата бремена девојка Ребека Кук биле кај гатачката Клои Смит која им гледала во тарот карти.

„Уживав во гледањето на тарот картите за Фил и Бека, и двајцата многу духовни и љубезни луѓе. На патот на Фил има многу среќа“, рекла гатачката.

Извор на овој весник открива дека асот на Манчестер сити се интересирал како ќе помине Англија на претстојниот турнир.

„Се надевам дека Клои му кажа дека го видела фудбалот како се враќа дома. Тој сакаше да ја „види“ својата иднина. Многу врвни играчи поминуваат време правејќи позитивни визуализации пред натпреварот со надеж дека тоа ќе им помогне. Ако тоа ги опушти и направи да се чувствуваат добро, тоа може да биде само позитивно“, наведува „Сан“.

25-годишната девојка, Клои Смит, на почетокот бесплатно им гледала во карти на пријателите, а потоа почнала да наплаќа околу 35 фунти за нејзината услуга. Денес меѓу нејзините клиенти има бројни познати личности од Велика Британија.

Англија ќе игра против Србија на стартот на Европското првенство, в недела од 21 часот во Гелзенкирхен.