Се погласни се информациите дека Кирил Тодоровски, кумашин на Министерот за транспорт и врски Александар Николовски е главен претендент за нов директор на Финансова полиција.

Тодоровски е поранешен шеф на кабинетот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Во 2022 година тој беше еден од осудените во предметот “Титаник”. Тодоровски доби условна казна од две години која нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново кривично дело.

Според медиумите во 2019 година Тодоровски и се заканувал на сведок од предметот “Титаник”…

Се поставува прашањето како осудено лице може да се избере за директор на репресивна институција и дали поради кумовската врска со Александар Николовски нема да се почитуваат законите.

Освен Тодоровски се разгледува и можноста новиот директор на Финансова полиција, да биде професионалец кој е вработен во институцијата.