Во средината на месец март промовиравме почеток на градежни активности на повеќе проекти, во 4 населени места на територијата на општина Демир Хисар. Дел од проектите се целосно завршени, а дел се во тек, вредноста е околу 600.000 евра, истакна градоначалникот Никола Најдовски во изјава за Инфо Компас, околу градежните активности кои се во тек во општината.

„Целосна реконструкција е извршена на 2 улици во населеното место Сопотница, реконструирана е главната улица во населеното место Прибилци, како и една споредна улица, изградени се 2 улици во населеното место Вардино и посебно ми е мило што можам да кажам дека повеќедецениското барање на жителите на Вардино за изградба на пат до манастирот Свети Константин и Елена е веќе завршено

Се работи и тука во Демир Хисар можете да забележите еден прекрасен проект каде се гради нова пешачка патека по целата должина на улица Битолска, која преставува исто така повеќедецениско барање на жителите на Демир Хисар, со што значително се подобрува и зголемува безбедноста на пешаците пред се, но исто така централното градско подрачје добива и еден убав, нов, урбан изглед. ”

Целосната изјава на градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски за ИнфоКомпас, погледнете ја во продолжение.

Извор: ИнфоКомпас