Добро упатен извор од АД МЕПСО ја контактираше редакцијата на ВестМк загрижен за хигиената и можни зарази во тоалетите на истата институција.

“Со изборот на ново раководство во МЕПСО можна е и нова зараза. Тоалетите се оставени без основни хигиенски средства, исто така нема и тоалетна хартија. Иако хигиеничарките по неколку пати ги чистат тоалетите со вода вработените се жалаат и гласно коментираат дека тоа што нема сапун е можен извор на зараза.”

Останува нејасно што се случува во една од најмоќните компании во државна сопственост.