Судија на претходна постапка од Вишиот суд во Зајечар одреди 30 дена притвор и за таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ.

Барањето за притвор го поднело Вишото јавно обвинителство поради постоење околности што укажуваат дека тој може да уништи, сокрие или да промени докази и траги за убиството, како и дека ќе се меша во постапката со влијание врз сведоците кои ќе бидат сослушувани.

Осомничениот се бранел со молчење.

Таткото и братот на осомничениот за убиството се товарат дека помагале да се пренесе телото на девојчето на засега непозната локација. По нивното апсење, братот на осомничениот починал во притвор, а како што соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи, лекар од судската медицина констатирал природна смрт.

Инаку, и покрај интензивната потрага, телото на девојчето сè уште не е пронајдено.

Српската полиција со најсовремена опрема пребарува нова локација во потрагата.

Во фокусот на полицијата е Лазарева Пештера, а претреси на теренот се одвиваат и вдолж Лазаревиот Кањон, како и на целиот простор покрај Злотска Река.