Роналдињо (44) е разочаран од бразилската репрезентација која се подготвува за Копа Америка. На 25 јуни Бразилците играат против Костарика, а во групата се и Парагвај и Колумбија.

На Бразил во последно време не му оди баш најдобро, а тоа го потврди и формата во квалификациите за Светското првенство. Бразил е во серија од четири натпревари без победа, на три од тие четири натпревар Бразилците беа поразени.

Пласманот не треба да биде доведен во прашање, но фудбалската јавност во Бразил не е импресионирана од играта на националниот тим.

„Нема да гледам ниту еден натпревар на Бразил. На репрезентацијата и недостасува се. Одлучност, радост, добар фудбал. Ќе го напуштам Бразил”, изјави легендарниот напаѓач.

Роналдињо одигра 97 натпревари за Бразил од 1999 до 2013 година и постигна 33 гола. Со репрезентацијата ја освои Копа Америка во 1999 година, а Светското првенство три години подоцна.

Тој се пензионираше во 2015 година како играч на Флуминенсе, а играше и за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро.