Двајца воени пилоти загинаа во авионска несреќа за време на обука во централна Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Авионот паднал од засега непознати причини по полетувањето од воената база Кајсери.

На местото на настанот се испратени пожарникари и спасувачи.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изрази сочувство до семејствата на жртвите.